
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Лакталис“, една од најголемите светски произведувачи на млеко и млечни производи, кон крајот на октомври, постигна договор за преземање на 50,3% од сопствеништвото на „Љубљанске млекарне“, за неофицијална сума од околу 20 милиони евра.
Групацијата „Лакталис", една од најголемите светски произведувачи на млеко и млечни производи, кон крајот на октомври, постигна договор со холдингот НФД, банката КД, банката „Фактор", фондот „КД Делнишки Доходковни" и „Сава" за преземање на 50,3% од сопствеништвото на „Љубљанске млекарне", за неофицијална сума од околу 20 милиони евра.
Претставниците од францускиот „Лакталис", кон средината на ноември, одржаа состанок со министерот за земјоделство и животна средина, Франц Богович, и во таа пригода истакнаа дека во интерес им е понатамошен развој на земјоделството и производството на млекото во Словенија.
„Лакталис" работи во 56 земји во светот и годишно собира и преработува околу 14,5 милијарди литри млеко. Основан е во 1933 година, а во 2010 година оствари приход од околу 15 милијарди евра и вработи околу 55.000 работници. Групацијата е присутна и во југоисточна Европа (во Хрватска се сопственици на „Дукат"), а со купувањето на „Љубљанске млекарне" зајакната е позицијата на овој пазар.