
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Францускиот млекарски гигант „Лакталис“ во текот на наредните неколку денови и официјално ќе стане сопственик на поголемиот дел од „Љубљанске млекарне“, а тој удел пред неколку месеци го откупи од холдингот НФД, банката КД, банката „Фактор“, фондот „КД Делнишки Доходковни“ и „Сава“.

Францускиот млекарски гигант „Лакталис" во текот на наредните неколку дена и официјално ќе стане сопственик на поголемиот дел од „Љубљанске млекарне", а тој удел пред неколку месеци го откупи од холдингот НФД, банката КД, банката „Фактор", фондот „КД Делнишки Доходковни" и „Сава".
„Лакталис" наскоро на акционерите ќе им плати 19,3 милиони евра за договорениот удел од 50,3 отсто. Како што е соопштено, „Лакталис" јавно ќе ја објави понудата на преземањето, а ќе им биде понудена и можност за излегување од сопственичката структура и на останатите акционери. Според неофицијалните информации, се очекува таа понуда да ја прифатат и акционерите од претпријатието „Млекодел", што имаат третина од „Љубљанске млекарне".
Францускиот производител на млеко и млечни производи го планираше преземањето на млекарницата уште минатата година, но се чекаше на одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата.