
Компанијата „Метеор“ од Ѓаково е новиот сопственик на „Лабуд“ и на „Бадел“, и двете компании дел од згрепската групација ТИТА, во сопственост на Иван Вучковиќ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Метеор" од Ѓаково е новиот сопственик на „Лабуд" и на „Бадел", и двете компании дел од згрепската групација ТИТА, во сопственост на Иван Вучковиќ.
Веста за „Глас Славоније" ја порврди Анте Распудиќ, сопственик и директор на „Метеор".
„Метор" е производител на средства за чистење и по тоа е сличен со „Лабуд", иако деловните резултати на двете компании значително се разликуваат. „Метеор" има 78 вработени, приходи во висина од 7 милиони евра, а добивката во 2014 година изнесуваше 370 илјади евра. „Лабуд" има 182 вработени, 20,3 милиони евра приход, но и загуба од повеќе од 2,6 милиони евра во 2012 година, 2,1 милиони во 2013 година и 1,4 милиони минатата година, пишува „Пословни дневник".
Вториот член на групацијата ТИТА – „Бадел", производителот на оцет и на алкохолни пијалаци, познат по брендот Kisko, на почетокот од 2011 година ја купи фабриката „Сегестица" во Сисак, по што го пресели производството во централниот дел од Хрватска.