
Во малопродажните објекти на синџирот „Конзум“ отсега можат да се прават и лабораториски испитувања.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во малопродажните објекти на синџирот „Конзум" отсега можат да се прават и лабораториски испитувања.
Лабораториските испитувања се извршуваат во посебни простории во продажните објекти на „Конзум", во контролирани услови кои ги исполнуваат барањата за здравје и сигурност. Анализите се вршат во медицинско-биохемиските лаборатории на поликлиниката „Авива". Резултатите се добиваат следниот ден или по електронска пошта уште истиот, пишува на веб-страницата на трговецот. Сепак се додава дека за одредени наоди, ќе биде потребно да се чека подолго време.
Новата услуга нема да биде достапна во сите маркети на „Конзум" и во сите денови, туку ќе се нуди според однапред дефинирани датуми.
Основач на поликлиниката „Авива" е Ивица Тодориќ, кој е сопственик и на синџирот „Конзум".