
Во кризни времиња, освен цената и квалитетот, за купувачот сè поважна е насмевката, срдечноста, љубезноста и професионалниот пристап, односно важен е високиот квалитет на корисничките искуства и поддршка.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во кризни времиња, освен цената и квалитетот, за купувачот сè поважна е насмевката, срдечноста, љубезноста и професионалниот пристап, односно важен е високиот квалитет на корисничките искуства и поддршка.
„Исертиас"-Хрватска, во соработка со сестринската куќа „Исертиас" од Цирих, неодамна во Загреб го претстави првото скалило на квалитетот со купувачите – „Croatia Customers' Friend Top 10 – 2014", формирана исклучиво врз основа на искуствата и мислењата на потрошувачите.
На првото место на оваа листа се наоѓа трговскиот синџир „Конзум" со 8,92 отсто од гласовите на испитаниците. Следуваат хрватскиот „Телеком" (7,43%), „Краш" (7,21%), „Лидл" (6,88%), „Виндија" (6,82%), „Подравка" (6,71%), „Вип" (4,34%), „Теле 2" (4,21%), „Франк" (3,84%) и „Кауфленд" со 2.35%.
Листата „Croatia Customers' Friend Top 10 – 2014" е составена врз основа на иновативно истражување спроведено преку веб-анкета во текот на октомври и ноември 2014 година, на примерок од вкупно 2.400 хрватски граѓани. Истражувањето опфати повеќе од сто различни категории кои вклучуваат комерцијални групи како: прехрана, трговија, логистика, телекомуникации, козметика, фармација, финансиски сектор, култура, спорт, медиуми и друго.
Кај секој од овие категории, хрватските граѓани, врз основа на своето искуство, посочувале субјект за кој сметаат дека во таа категорија нуди највисоко ниво на вкупен квалитет, со акцент на оценката на корисничкото искуство и корисничката поддршка.