
Млекарницата „Куч компани“ од Крагуевац најави почнување на процесот за извоз во Русија, каде ќе ги пласира производите: фета-сирење, кашкавал и млечни намази.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Млекарницата „Куч компани" од Крагуевац најави почнување на процесот за извоз во Русија, каде ќе ги пласира производите: фета-сирење, кашкавал и млечни намази.
Според неодамна постигнатиот договор со повеќегодишниот деловен партнер, компанијата „Невские молокопродукт" („Нева милк") од Санкт Петербург, млекарницата со посредство на оваа фирма, во 2016 година ќе извезе млечни производи во вредност од околу 1,2 милиони евра.
Во „Куч компани" очекуваат дека наскоро ќе стигне предлог-договор за соработка со уште еден руски трговски синџир, лоциран во Централна Русија, кој има мрежа од 25.000 трговски објекти. Со постигнување на овој договор, млекарницата ќе обезбеди извоз во вредност од 2 до 3 милиони евра годишно, а извозот би почнал кон крајот на летото.