
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компаниите преработувачи и производители на млеко и млечни производи „Симур“ од Русија и „Млековита“ од Полска, заинтересирани се да почнат производство во Крушевац. Најдоа локација и партнер – млекарницата „Јастербачки бисер“ и овие денови треба да се потпише договорот.
Компаниите преработувачи и производители на млеко и млечни производи „Симур" од Русија и „Млековита" од Полска, заинтересирани се да почнат производство во Крушевац. Најдоа локација и партнер – млекарницата „Јастербачки бисер" и овие денови треба да се потпише договорот.
Александар Аркадијевиќ од компанијата „Сомур" ги запозна присутните со капацитетите што новата фабрика ќе ги има – месечно производство од 300 тони млечни производи. Планираме да изградиме производствена хала од 2.000 метри квадратни со најнови машини за оваа намена, а за почеток ќе бидат вработени од 16 до 20 работници, додаде тој.
Според зборовите на инвеститорите се очекува почеток на производството кон крајот на 2015 година.