
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Круно Мервар, досегашниот директор на доставувачкиот синџир за јадранскиот регион во „Нестле“, на почетокот на февруари ја презеде функцијата директор за планирање во доставувачкиот синџир „Нестле“ за зоната ЕМЕНА (Европа, Блиски Исток и Северна Африка).
Круно Мервар, досегашниот директор на доставувачкиот синџир за јадранскиот регион во „Нестле", на почетокот на февруари ја презеде функцијата директор за планирање во доставувачкиот синџир „Нестле" за зоната ЕМЕНА (Европа, Блиски Исток и Северна Африка).

На оваа функција во компанијата чиешто седиште се наоѓа во Вевеј, Мервар преминува по повеќе од десет години работа на различни позиции во јадранскиот регион. Тој ќе раководи со тим кој покрива производи од 169 фабрики на „Нестле" и 1,3 милијарди потрошувачи.
По поминати десет години во компанијата „Нестле адриатик", Мервер воспостави и разви регионална инфраструктура на доставувачки синџир и го имплементираше системот SAP. Воедно, тој е првиот експерт именуван на позицијата директор за набавка на компанијата „Нестле" во регионот.