
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Американската компанија „Марс“, која ги произведува чоколадите Snickers, Mars, Bounty и Twix, е најголем производител на слатки во светот, додека „Краш“ се наоѓа на 79-то место, покажа истражувањето на специјализираниот магазин „Кендииндустри“.
Американската компанија „Марс", која ги произведува чоколадите Snickers, Mars, Bounty и Twix, е најголем производител на слатки во светот, додека „Краш" се наоѓа на 79-то место, покажа истражувањето на специјализираниот магазин „Кендииндустри".
Според истражувањето приходот на компанијата „Марс" достигна 17,64 милијарди долари. Зад неа се наоѓа американската компанија „Монделез Интернешанл", поранешен „Крафт Фудс", која во својот асортиман, меѓу останатите, ги има брендовите Milka,Oreo, LU и Toblerone. Оваа компанија оствари приход од 15 милијарди долари.
Третиот најголем производител на кондиторски производи е „Нестле", со годишен приход од 11,76 милијарди долари.
Меѓу десетте водечки компании во оваа индустрија се: јапонската компанија „Меији" (11,74 милијарди ), италијанската „Фереро" (10,9милијарди долари), американската „Хершејс" (7,04 милијарди долари), аргентинската „Аркор" (3,7 милијарди долари), италијанско-холандската „Перфети" (3,3 милијарди долари), германската „Харибо" (3,2 милијарди долари) и швајцарската „Линд" (3,15 милијарди долари).
Меѓу 100-те најголеми се наоѓа и хрватската компанија „Краш", најпозната по брендовите Bajadere, чоколадите Životinjsko carstvo, бонбоните Bronhi и Kiki. Со приход од 163 милиони долари „Краш" се најде на 79-то место.
Од регионот, во оваа листа на најголемите светски кондиторски компании, се најде и компанијата „Пионир", која со приход од 140 милиони евра, го зазеде 86-то место.