
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Краш“ во првото тримесечје од оваа година оствари нето-добивка од околу 237,6 илјади евра, што е пораст од 1,3 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат неодамна објавените податоци од финансискиот извештај на компанијата.
Групацијата „Краш" во првото тримесечје од оваа година оствари нето-добивка од околу 237,6 илјади евра, што е пораст од 1,3 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат неодамна објавените податоци од финансискиот извештај на компанијата.
Вкупните консолидирани приходи на групацијата, која ги опфаќа компаниите: „Краш-трговина" - Загреб, „Краш-трговина" - Широк Брег, „Мира"-Приједор, „Крашкомерц"-Скопје, „Крашкомерц"- Љубљана, „Каролина"-Осијек и „Краш комерц"-Белград, во првиот квартал од оваа година изнесуваат околу 27,3 милиони евра. Во споредба со истиот период минатата година се зголемени за 10,1 отсто.
Најголемиот дел од вкупните приходи, односно околу 26,5 милиони евра заземаат приходите од продажбата, при што приходите од продажбата на домашниот пазар изнесуваат околу 13,7 милиони евра, а приходите од странските пазари 12,8 милиони евра.
Од „Краш" нагласуваат дека во рамките на порастот на приходите значителни се остварувањата на пазарите во Австралија, Саудиска Арабија, Германија, Шведска, Србија и Словенија.
Во согласност со плановите за развој, од компанијата најавуваат зголемување на инвестициската модернизација на погоните во Загреб, како и во компаниите „Каролина" и во „Мира".