
Минатата година „Краш“ ја заврши со нето-добивка од околу 1,84 милиони евра, што е за 40 отсто повеќе од минатата година, објавено е од страна на оваа кондиторска индустрија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата година „Краш" ја заврши со нето-добивка од околу 1,84 милиони евра, што е за 40 отсто повеќе од минатата година, објавено е од страна на оваа кондиторска индустрија.

Бруто-добивката на „Краш" остварена во деловната 2014 година изнесуваше околу 44 милиони евра и е речиси на истото ниво како и минатата година, пишува poslovni.hr.
Според неревидираните консолидирани податоци минатата година „Краш" оствари вкупно приходи од 132,5 милиони евра, што е за 2,5 отсто повеќе од минатата година. Вкупните приходи од продажбата изнесуваа околу 128,9 милиони евра, од кои на домашниот пазар остварени се околу 72,4 милиони евра, а од извоз остварени се околу 56,5 милиони евра.
Во однос на 2013 година вкупните расходи достигнаа 2,5 отсто, а на зголемувањето на расходите неповолно влијаеја зголемувањата на цените на основните суровини, како што се какаото, преработките од какао, млечните преработки и сл.
И покрај неповолните услови, „Краш" минатата година го зголеми извозот за 7,4 отсто во споредба со минатата година, а го зголеми и бројот на извозни пазари проширувајќи се во Јапонија, Јужна Кореја, Грција и Романија.