
Во првите девет месеци годинава „Краш група“ оствари вкупни приходи од околу 92,6 милиони евра, што во споредба со истиот период минатата година е пораст од 1,9 отсто, покажуваат податоците од финансискиот извештај на компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првите девет месеци годинава „Краш група" оствари вкупни приходи од околу 92,6 милиони евра, што во споредба со истиот период минатата година е пораст од 1,9 отсто, покажуваат податоците од финансискиот извештај на компанијата.
Во првите девет месеци од годинава компанијата оствари добивка пред оданочување во износ од околу еден милион евра, а вкупните приходи на групацијата изнесуваат околу 92,6 милиони евра и бележат пораст од 1,94 отсто.
Во вкупните приходи, приходите остварени од продажба бележат вредност од околу 91,3 милиони евра, од кои 48,9 милиони евра се остварени приходи од продажбата на домашниот пазар, а 42,4 милиони евра се приходи од странските пазари, што претставува зголемување за 5,4 отсто.
Вкупните консолидирани расходи на „Краш груп" во првите девет месеци се 91,5 милиони евра и на годишно ниво се зголемени за 1,03 отсто. Со пораст на обемот на производството, влијание на на зголемените расходи имаше трендот на зголемени набавни цени на главните сировини, особено на какаото и шеќерот, истакнаа од „Краш".
Како што додаваат од компанијата, во рамките на вкупниот пораст на обемот на продажба позначајно зголемување на продажбата е остварено на прекуокеанските пазари, особено во Саудиска Арабија, САД и Канада, како и на пазарите во Европа – Австрија, Малта, Германија, Словачка и Швајцарија. Пораст на извозот е остварен и преку поврзаните претпријатија на компаниите од БИХ и од Словенија.