
Компанијата „Орбико бјути“ ќе го доведе светски познатиот козметички бренд MAC и во Хрватска, потврди Бранко Роглиќ, сопственик на компанијата за „Јутарњи лист“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Орбико бјути" ќе го доведе светски познатиот козметички бренд MAC и во Хрватска, потврди Бранко Роглиќ, сопственик на компанијата за „Јутарњи лист".
Американците веќе го разгледаа и го одобрија просторот за загрепскиот дуќан и во моментов го изработуваат дизајнот за продавницата. Сите детали до најмалите, доаѓаат од Америка и не сум сигурен дека ќе успееме да ја отвориме продавницата до крајот на годината. Уверен сум дека со еден објект во Загреб можеме да работиме профитабилно. Продавницата во Белград во првите два месеца ги надмина нашите очекувања за 50%, рече Роглиќ.
„Орбико" е долгогодишен застапник за „Есте Лаудер", во чиешто портфолио меѓу најсилните 25 брендови се MACи Bobbi Brown. Првиот објект MAC во регионот „Орбико" го отвори во белградскиот шопинг-центар „Ушќе" пред два месеца.