
Во компанијата за производство на месо и преработки од месо „Кошаки“ за кратко време дојде до две промени во раководството, а ова претпријатие наскоро ќе добие и нов сопственик.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во компанијата за производство на месо и преработки од месо „Кошаки" за кратко време дојде до две промени во раководството, а ова претпријатие наскоро ќе добие и нов сопственик.
По Мете Ловше водењето на компанијата го презема Сергеја Мезнарич, а кон крајот на јуни таа функција ја презема Јанез Рајшп. Во текот на август ќе се официјализира веста дека сопственик на оваа компанија ќе биде претпријатието „Жерак", што е потврдено од страна на директорот на ова претпријатие Марко Жерак. Во текот на идниот месец се очекува завршување на обврските околу преземањето на долгот од 2,5 милиони евра.
Месната индустрија „Жерак" има долга традиција и вработува помалку од 30 луѓе, а минатата година забележа приходи од продажбата во износ од 4,3 милиони евра. Од друга страна „Кошаки" од Марибор замина во стечај во јули 2013 година.