
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Синџирот малопродажни објекти „Корнер шоп“ и „Корнер маркет“ продолжуваат да ја шират својата мрежа. Во изминатиот период во Белград отворени се два маркета, а на листата новоотворени се наоѓа и „Корнер маркет“ отворен на ул. „Борска“ бр.45д, што на потрошувачите им е достапен 24 часа.
Синџирот малопродажни објекти „Корнер шоп" и „Корнер маркет" продолжуваат да ја шират својата мрежа. Во изминатиот период во Белград отворени се два маркета, а на листата новоотворени се наоѓа и „Корнер маркет" отворен на ул. „Борска" бр.45д, што на потрошувачите им е достапен 24 часа.
Новиот објект на „Корнер маркет" на своите потрошувачи им нуди 300 производи меѓу кои средства за домашна хигиена, овошје и зеленчук, печатени изданија и прехранбени производи.
Новитет во асортиманот на „Корнер шоп" и „Корнер маркет" претставува продажбата на електронски цигари, како и фотографско катче, каде што можат да се изработуваат фотографии преку интернет. Посакуваните фотографии се доставуваат преку сајтот на Foto image, а изработените фотографии можат да се подигнат од кој било „Корнер шоп" по цена пониска за 50 отсто од останатите фото студија.
Во соопштението се наведува дека „Корнер шоп", покрај бројните новитети во асортиманот, продолжува со традицијата на постојани акции за своите купувачи, а покрај тоа продолжува да ги поддржува и настаните како неодамна одржаниот фестивал Exit.