
Во 24 објекти, „Конзум“ инсталираше стотина самонаплатни каси, а воведе и нови т.н self-scanning решенија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во 24 објекти, „Конзум" инсталираше стотина самонаплатни каси, а воведе и нови т.н self-scanning решенија.
Како што соопштуваат од трговскиот синџир, самонаплатните каси, во просек ги користат 23 отсто од купувачите, а во некои продавници тој просек расте и до 50 отсто од вкупниот број на купувачи. Причината за тоа е препознатливоста на предностите што овие каси им ги нудат на купувачите, како и промената на преференциите на денешните купувачи. Купувачот, денес, сака да биде вклучен во процесот на купување и да има контрола над секој купен производ и над својата потрошувачка.
Со користењето на самонаплатните каси се постигнува оптимизација на текот на купувањето и значителна заштеда на време, изјавуваат од „Конзум". Воедно, од таму истакнуваат дека на касите достапни се сите облици на плаќање.
Касите може да се најдат во сите поголеми објекти на „Супер Конзум", како оние во Загреб, Велика Горица, Солин, Пула.
Освен паметните каси, во „Конзум" се воведени т.н self-scanning решенија. Со нивно користење купувачите во „Конзум", со помош на скенер може да ги скенираат производите и да ги стават во кошница. Решенијата покажаа одлични резултати, така што во 2014 година системот е унапреден со решенијата shop&touch и со нови паметни колички. Досега, се скенираа цените на производите, акциските понуди и локација на производите во продажниот простор. Со користењето на новите решенија на купувачите им се нудат и дополнителни информации како што е приказот на најкраткиот пат низ продавницата и детален опис на сите производи, истакнуваат од „Конзум".