
„Конзум“ на 28 ноември во Крапина на ул. „Хрватски бранители“ бр.7, отвори нова продавница „Макси“ во која се вработени 23 работници.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Конзум" на 28 ноември во Крапина на ул. „Хрватски бранители" бр.7, отвори нова продавница „Макси" во која се вработени 23 работници.

Воедно ова е четвртиот објект на „Конзум" во градот, но прв со поголем формат во кој е понудена и значлително поголема понуда во поглед на продажниот асортиман. Со богатиот асортиман на производи како овошје и зеленчук, млечни производи, пекарница и месарница, оваа прдавница „Макси" содржи и гастро оддел во кој се нудат многу различни секојдневно свежи готови јадења, кои се подготвуваат на самото место во посебно опремени кујни.
Во рамките на новиот центар, на купувачите на располагање им се пет каси и паркинг-простор со вкупно 50 паркинг-места.