
„Конзум“ е најдобриот трговски синџир во Хрватска според мислењето на портошувачите, покажало испитувањето на пазарот, кое на компанијата ѝ го донесе престижниот златен медал QUDAL (QUality meDAL).
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Конзум" е најдобриот трговски синџир во Хрватска според мислењето на портошувачите, покажало испитувањето на пазарот, кое на компанијата ѝ го донесе престижниот златен медал QUDAL (QUality meDAL).
Признанието доаѓа по минатогодишната престижна награда на водечката меѓународна организација од областа на трговијата IGD, која го вброи загрепскиот маркет Super Konzum на улица „Радничка" меѓу 15-те најдобри светски трговски објекти за 2016 година.
Како што оценуваат во компанијата, признанието од потрошувачитее резултат на континуираните вложувања во модернизација на продавниците, унапредување на услугите и асортиманот, во кои повеќе од 85 отсто од свежите производи се со хрватско потекло.
Континуирана соработка со домашните произведувачиовозможи врвна понуда на свежи производи на полиците на „Конзум". Потрошувачите тоа го препознаа и го наградија со доверба, велат од „Конзум".
Концептот на онлајн продавница, Konzum klik, претставен на крајот на 2015 година, во првата година од работењето реализирал повеќе од 100.000 порачки, односно забележал пораст на продажбата за повеќе од 40 отсто.
За таквите резултати, како што оценуваат во „Конзум", влијаело вложувањето во надградба на знаењето на вработените, кои поминуваат посебна обука за контрола на квалитетот и изложување на производите, со што на купувачите им овозможува производите да им бидат испорачани во беспрекорна состојба.
Исто толку важни, велат, биле и чекорите што компанијата ги презема и за наградување на верноста на потрошувачите, кои преку картичката MultiPlusCard можат да заштедат на повеќе од 1.000 производи секој месец.
„Секое ново произнание и награљда за квалитетот радуваат, а особено признанијата што доаѓаат од нашите купувачи. Тие се потврда за исправноста на нашата деловна стратегија и континуираното унапредување на нашите продавници. Иновативноста и разбирањето за потребите на купувачите, се вредностите на кои го градиме својот успех. Се радуваме на признанието и веруваме дека ќе го оправдаме со нови во периодот што престстои", вели Славко Ледиќ, претседател на управата на „Конзум".