
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
До крајот на годината „Конзум“ ќе вложи 3,2 милиони евра во уредување и опремување на центар за интернет-трговија во Врбани, во поранешните простории на „Гетро“. На површина од 5.000 квадратни метри ќе биде сместен логистички центар и складиште.
До крајот на годината „Конзум" ќе вложи 3,2 милиони евра во уредување и опремување на центар за интернет-трговија во Врбани, во поранешните простории на „Гетро". На површина од 5.000 квадратни метри ќе биде сместен логистички центар и складиште.
Интернет-трговијата има пораст од 25 отсто, но и понатаму зазема мал дел од пазарот. Како што нагласува претседателот на управата на „Конзум" Дарко Кнез таа е многу важна за перцепцијата на овој синџир.
Меѓу другите новитетите што ги воведува „Конзум" е можноста за избор на производи преку рецепти, односно со еден клик на рецептот купувачот во својата потрошувачка кошница ги добива сите производи потребни за подготовка на избраното јадење.
Обработката на податоците за преференцијата на купувачите нуди можност за понуда на додатоци во облик на слични групи на производи, но и акции на производи што купувачите најчесто ги купуваат, објасни Кнез кој за новите услуги зборуваше на „Викенд Медиа Фестивал".