
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Конзум“ воспостави соработка со хрватскиот Црвен крст со мотив да одговори на барањата за помош. Со оглед на тоа што Црвен крст располага со најрелевантни информации за потребите на жителите на поплавените области, на овој начин целата помош ќе биде насочена онаму каде што е најпотребна.
„Конзум" воспостави соработка со хрватскиот Црвен крст со мотив да одговори на барањата за помош. Со оглед на тоа што Црвен крст располага со најрелевантни информации за потребите на жителите на поплавените области, на овој начин целата помош ќе биде насочена онаму каде што е најпотребна.
Големата дистрибуциска и логистичка мрежа на „Конзум" во оваа пригода е потполно на располагање на хрватскиот Црвен крст и на сите граѓани кои сакаат да помогнат со свои донации. Најпотребни се прехранбени артикли со подолг рок, хигиенски производи, производи за чистење, пелени за деца и возрасни, постелина, крпи, машка и женска облека.
Во сите „Супер" и „Макси Конзум" (200 локации) ќе има пунктови за сите донации од граѓаните, што понатаму „Конзум" ќе ги достави директно на локациите на поплавените области во Хрватска.
„Агрокор" и сите негови членови уште од почетокот активно делуваат и ги донираат најпотребните средства за пополавените области на Хрватска. Средствата и понатаму ќе се донираат, исклучиво преку мрежата на Црвениот крст, поради оптимална дистрибуција.
За повеќе информации и прашања на располагање е е-маилот на хрватскиот Црвен крст donacije@hck.hr.