
„Конзум“ и „Блиц-Синестар“ добија градежна дозвола за изградба на модерно мултиплекс-кино во зградата на „Супер Конзум“ во Карловац. Двете компании заедно ќе вложат над 3 милиони евра за четири кино-сали со вкупно 550 места.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Конзум" и „Блиц-Синестар" добија градежна дозвола за изградба на модерно мултиплекс-кино во зградата на „Супер Конзум" во Карловац. Двете компании заедно ќе вложат над 3 милиони евра за четири кино-сали со вкупно 550 места.
Во новото кино ќе бидат вработени 15 работници, а се очекува годишниот број на посети да биде од 150 до 200 илјади.
Бидејќи во Карловац нема кино, со партнерот „Блиц-Синестар" го откривме својот деловен интерес. Со новата инвестиција, „Супер Конзум" ќе привлече посетители и од околните места, истакна Игор Мамуза, директор на „Конзум" на деловниот оддел на малопродажба и инвестиции.
Хрвоје Крстуловиќ, член на Управниот одбор на „Блиц-Суперстар", најави дека на почетокот на следната година во Карловац ќе биде отворен 15-то мултиплекс-кино во Хрватска, а со тоа бројот на кино-сали се приближува кон сто.
Во сите четири кино-сали ќе можат да се прикажуваат 3Д-филмови, а се очекува мултиплекс-киното повремено да биде и место за најквалитетни преноси во живо на различни културни, спортски и други содржини.