
На престижната листа „100 најголеми во БиХ“, оваа година „Конзум“ оствари подобри резултати и се најде на подобра позиција во споредба со минатата година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На престижната листа „100 најголеми во БиХ", оваа година „Конзум" оствари подобри резултати и се најде на подобра позиција во споредба со минатата година.
Ова е доказ дека имаме тим кој победува и навистина сме горди на резултатите што ги постигнавме. Ова е заслуга на нашите вработени и на нивните посветеност и предаденост на нашата работна стратегија. Секако, не треба да ги заборавиме и нашите купувачи кои ги препознаваат нашите вредности на кои се темели нашиот успех, изјави Давид Долинар, директор на „Конзум".
Најголемиот синџир на маркети во БиХ е и најголем работодавец во оваа земја и во моментот вработува повеќе од 4.500 работници, а доказ за тоа е и наградата „Најпосакуван работодавец" која компанијата ја добива осми пат по ред.
Освен тоа „Конзум" неодамна го доби престижното европско признание „Најкомпанија и најменаџер - позиција 1 во браншата", а потоа и медалот Qudal и признанието Best bay award.