
До крајот на годинава „Конзум“ ќе отвори нови 300 работни места и ќе инвестира околу 15 милиони евра, најавено е во Сараево, на свеченоста по повод десетгодишното работење на компанијата на овој пазар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
До крајот на годинава „Конзум" ќе отвори нови 300 работни места и ќе инвестира околу 15 милиони евра, најавено е во Сараево, на свеченоста по повод десетгодишното работење на компанијата на овој пазар.
Инвестициите ќе ги насочиме кон отворање 20 нови и адаптација на 30 постоечки објекти и модернизација и ширење на логистиката на територијата на БиХ, изјави Аднан Штета, извршен директор на „Конзум".
Директорот на „Конзум" Давид Долинар со задоволство најави дека е завршено преземањето на 89 продавници на „Меркатор" и негови 1.710 вработени. Меѓудругото најави и многу поволности за купувачите, ширење и зајакнување на соработката со домашните производители и доставувачи.
Овој трговски синџир најави дека во БиХ, во текот на 2015 година, ќе пласира 16.000 тони овошје и зеленчук, повеќе од 20.000 тони пилешко месо, повеќе од 130 тони риба, 11,2 милиони литри млеко, 10 милиони парчиња печиво и 25 милиони јајца. Сите овие производи се од домашно производство што е можно да се реализира благодарение на фактот дека „Конзум" во БиХ соработува со 700 доставувачи, а меѓу нив се 400 производители.