
Конзорциумот на сопственици на фабриката за масло „Геа“, во чија што сопственост се 60 отсто од компанијата од Словенска Бистрица, на 5 јули потпиша договор за заедничка продажба на акциите, кој го објави на Љубљанската берза.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Конзорциумот на сопственици на фабриката за масло „Геа", во чија што сопственост се 60 отсто од компанијата од Словенска Бистрица, на 5 јули потпиша договор за заедничка продажба на акциите, кој го објави на Љубљанската берза.

Речиси половина од акциите што ќе бидат понудени за продажба ѝ припаѓаат на „КД груп", односно на филијалите на групацијата, кои заедно ќе го продадат 26,9-процентниот удел. Во конзорциумот се вклучени и осигурителното друштво „Адриатик Словеника", здружението за управување ТКЦ, Приморските фондови од Копер и претпријатието „Апис-Вита" од Фрам.
И покрај предизвикувачката состојба на пазарот, минатата година „Геа" оствари приход од продажба во износ од 24,5 милиони евра, што е за четири отсто помалку во однос на претходната година и за три отсто помалку од планираното. Нето-профитот изнесуваше 182.000 евра, петпати повеќе од 2015 година.