
Кеш & кери „Метро“ отвори конкурс за двегодишно стажирање во Србија и во странство, наменет за оние кои неодамна дипломирале или упишале магистерски студии.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Кеш & кери „Метро" отвори конкурс за двегодишно стажирање во Србија и во странство, наменет за оние кои неодамна дипломирале или упишале магистерски студии.
Како што е соопштено од компанијата, кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат вклучени во интернационалната двегодишна програма за едукација преку работа, во рамките на која компанијата ги подготвува своите идни менаџери.
Програмата подразбира работа на различни проекти и позиции внатре во компанијата „Метро", а две од вкупно петте фази на стажирањето ќе се одвиваат во централната компанија во Диселдорф, Германија, се наведува во соопштението.
Програмата за стажирање на кеш & кери „Метро" е наменета за оние кои завршуваат или неодамна го завршиле студирањето на некои од факултетите од областите: менаџмент, економија, трговија, хотелиерство и угостителство. Од кандидатите се очекува и одлично познавање на англискиот јазик.