
Словенија се согласи со компромисот за крањскиот колбас, според кој хрватските производители ќе можат да го продаваат колбасот под името „крањски“ во наредните 15 години.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Словенија се согласи со компромисот за крањскиот колбас, според кој хрватските производители ќе можат да го продаваат колбасот под името „крањски" во наредните 15 години.
Љубљанскиот весник „Дело" го пренесува мислењето на Јанез Богатај, еден од иницијаторите за заштита на крањскиот колбас, според кого компромисниот предлог на Европската комисија е „лудост без преседан", а периодот од 15 години е премногу долг.
Хрватскиот министер за земјоделство Тихомир Јаковина, по средбата со Дејан Жидан, министерот за земјоделство на Словенија, потенцираше дека хрватската прехранбена индустрија во идните петнаесет години ќе може да произведува и продава колбас под името крањаски, но во тој период мора да се најде друго име за брендот.
Хрватска поднесе приговор, а Европската комисија донесе одлука. Не можам да кажам дека сме задоволни, но мораме да го прифатиме компромисното решение, изјави Јаковина, додека Жидан истакна дека двете држави имаат зеднички проект за заштита на истарската пршута, откако едно време Словенија беше против регистрацијата на тој производ.