
Компанијата „Ветропак стража“, единствениот произведувач на стаклена амбалажа во Хрватска, во 2014 година продаде рекордни 1,01 милијарда шишиња, од кои 77% се пласирани на странскиот пазар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Ветропак стража", единствениот произведувач на стаклена амбалажа во Хрватска, во 2014 година продаде рекордни 1,01 милијарда шишиња, од кои 77% се пласирани на странскиот пазар.
И покрај тешката економска ситуација во Хрватска и регионот, позитивниот тренд на работење на „Ветропак стража" продолжи и во 2014 година. На три стакларски печки и 11 производни линии во 2014, произведени се 246,3 илјади тона стаклена амбалажа.
Продадени се рекордни 1,01 милјарда шишиња (9,4 % повеќе за разлика од 2013), од кои речиси 77% се пласирани на надворешниот пазар. Помалата продажба на домашниот пазар како и проширениот пазар во регионалните држави се компензирани со пораст на извозот на пазарот за западна Европа.
Вкупниот приход на „Ветропак стража" во 2014 изнесува околу 105,9 милиони евра, а кон крајот на годината компанијата вработила 613 работници.