
Компанијата „Тривит“ ги презеде имотот и опремата на „МПИ Клас“ од Лозница, така што во нејзина сопственост се вкупно четири производствени погони.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Тривит" ги презеде имотот и опремата на „МПИ Клас" од Лозница, така што во нејзина сопственост се вкупно четири производствени погони.
„Тривит", покрај новиот погон во Лозница, има погони во Врбас, Бечеј и Никшиќ
Во производствениот погон во Лозница вработени се 95 луѓе, а до крајот на втората половина од годинава, со исполнувањето на плановите за проширување на производството, ќе се зголеми и бројот на вработените. Ќе бидат ангажирани деца од згрижувачките семејства, како и деца од паднатите борци. На овој начин компанијата продолжува со вработување на чувствителните групи на жители, како дел од активности во рамките на фондациите „Вклучи се" и „Биди свој".
Во производствениот погон во Лозница, покрај стандардните пекарски и кондиторски производи, во план е производство на дел од асортиманот на Tonus.