
По реализираните извози во Словенија, Хрватска, САД и Канада, прехранбената индустрија „Јумис“ месецов почна со пласман на своите производи на белорускиот пазар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По реализираните извози во Словенија, Хрватска, САД и Канада, прехранбената индустрија „Јумис" месецов почна со пласман на своите производи на белорускиот пазар.
По едномесечниот процес на подготовка на документацијата, производите на прехранбената индустрија „Јумис" добија најголеми оценки за извоз на белорускиот пазар, се наведува во соопштението. Првите податоци укажуваат на тоа дека компанијата ќе го реализира планираниот извоз на пазарот на Белорусија во вистина од половина милион евра во 2014 година.
Компанијата планира да го прошири асортиманот и на белорускиот пазар да извезе повеќе од 30 производи, меѓу кои се зачините, супите и десертите во прав.
Понатамошните чекори на „Јумис", кога станува збор за пазарот на Белорусија, се интерактивна соработка со белорускиот дистрибутер, квартална посета и обиколка на теренот за заедничка стратегија и за приспособување на потрошувачите.