
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По 20 години работење и пораст, сите компании со предзнак „Нелт“ станаа дел од нова, модерна организација, групација „Нелт“. Во годината што е значаен јубилеј на компанијата, дефиниран е поинаков начин на работа, а меѓусебните односи на компанијата во сопственичката структура на „Нелт“ се поставени на современи основи.
По 20 години работење и пораст, сите компании со предзнак „Нелт" станаа дел од нова, модерна организација, групација „Нелт". Во годината што е значаен јубилеј на компанијата, дефиниран е поинаков начин на работа, а меѓусебните односи на компанијата во сопственичката структура на „Нелт" се поставени на современи основи.
Стратешкото и извршното тело на групацијата „Нелт" ќе го претставува управата на групацијата што ќе управува со диверзификуваното портфолио на сите компании. Со цел да се централизираат процесите, но и да се одржува флексибилноста во пазарниот настап, компанијата одлучи членови на управата на групацијата и нови директори да бидат досегашните менаџери на клучните бизнис-сектори и генералните менаџери на компаниите на групацијата и тоа на: „Нелт" – Србија, „Нелт" – БиХ, „Нерегелиа" – Црна Гора, „Нелт СТ" – Македонија, „Нелт" – Ангола, „Нелт" – Замбија, „Нелт" – Мозамбик, „Неопланта" и Јавни складишта на Србија. За извршен директор на компанијата е поставен Милош Јелиќ, а на местото на извршен директор на „Нелт Ко" дојде Борис Мачак, кој претходните шест години беше на функцијата генерален менаџер на „Неопланта".
Креирањето на групацијата „Нелт" е стратешка одлука со која одиме во пресрет на предизвиците. Со оваа синергија на знаење и искуство сакаме да оствариме позначајна позиција на пазарот, но и да осигураме долгорочна стабилност на постоечките деловни операции. Свесни сме за постојаните промени на териториите на коишто работиме и се приспособуваме со цел унапредување на конкурентноста на компанијата. Довербата што ја заслуживме во изминативе години ја доживуваме како обврска заеднички да напредуваме и да бидеме што поефикасни во периодот што доаѓа, истакна Милош Јелиќ, изврѓниот директор на групацијата „Нелт".
Во текот на оваа година групацијата „Нелт" остварила значајни деловни резултати и промет од речиси 500 милиони евра. По Ангола и Замбија, „Нелт" почна со работа и на територијата на Мозамбик. Работењето во Африка почна во 2011 година, благодарение на соработката со компанијата „Проктер & Гембл", а принципали на „Нелт" на пазарите на Африка денес се е „Вригли", „Нестле", „Вирлпул", „Марс", „Океан Брендс" и други.
„Нелт" оваа година потпиша договор за соработка со компанијата „Филип Морис Интернационал" со што беа отворени нови 250 работни места, со што вкупниот број на вработени во групацијата „Нелт" стигна до 3.300.