
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Стопанската комора на Србија и Министерството за стопанство ги повикаа сите компании да се приклучат во акцијата за собирање помош за загрозеното население од поплавените подрачја во Србија. Апелот ги мобилизираше компаниите, во зависност од можностите, секоја да помогне во својот домен.
Стопанската комора на Србија и Министерството за стопанство ги повикаа сите компании да се приклучат во акцијата за собирање помош за загрозеното население од поплавените подрачја во Србија. Апелот ги мобилизираше компаниите, во зависност од можностите, секоја да помогне во својот домен.
Финансиски средства и помошна во храна, лекови, облека, обувки и други материјални добра досега, меѓу останатите, упатија и: „Кока-Кола", „Делез", „Бамби", „Књаз Милош", „Имлек", „Меркатор-С", „Филип Морис", „Метро кеш & кери", „Хенкел", „Дис", „Идеа", „Лили", „ДТД Рибарство", „Универексперт", „Дон Дон", „МК Комерц", „Југо хемија", „Нелт", „Делта Холдинг", „Викторија Груп", „Тигар", „Хемофарм", „Фармалогист", „Галеника Фитофармација", Лотарија на Србија, „Унитраг Пижон", „Вип Мобиле", „Ласта НИС-Гаспром" и „Телеком". Бројот на компаниите што уплаќаат средства и ги нудат своите производи и услуги на настраданите постојано се зголемува.
Стопанската комора на Србија и Министерството за стопанство нагласуваат дека е важно помошта да биде упатена на организиран начин, па поради тоа потребно е сите кои имаат соодветни материјални ресурси и сакаат да помогнат, да се обратат во кол-центарот на Министерството за внатрешни работи преку кој се координира помошта со другите државни органи.
Стопанската комора на Србија упати и повик за помош кон меѓународните асоцијации во кои е членка и кон сите стопански комори во светот со кои соработува, како и на српските деловни луѓе во дијаспората, кои секогаш покажувале солидарност.
Националната асоцијација на српското стопанство упатува апел до сите компании што можат да го одржат процесот на производство и деловните активности да продолжат со производството, обезбедувањето услуги и извозот, за да се зачува домашниот економски амбиент и во претстојниот период на обнова и санирање на последиците од катастрофалните поплави.