
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во чест на бројните успеси на Специјалната олимпијада во Србија, на крајот од мај, свечено беше отворена изложбата на фотографии, трофеи и достигнувања, кои од 2002 година ги постигнале српските натпреварувачи, со поддршка на „Кока-кола“.
Во чест на бројните успеси на Специјалната олимпијада во Србија, на крајот од мај, свечено беше отворена изложбата на фотографии, трофеи и достигнувања, кои од 2002 година ги постигнале српските натпреварувачи, со поддршка на „Кока-кола".

Посетителите имаа можност да се запознаат со организацијата, која го промовира занимавањето со спорт и придонесува за квалитет на животот на натпреварувачите со интелектуални попречености.
„Кока-кола" е глобален партнер на Специјалната олимпијада и основач на „Спешл олимпикс интернационал", а соработката со Србија била воспоставена во 2004 година.
Нашите натпреварувачи досега на Олимписките игри имаат освоено 131 медал, а секој нивни успех е голема инспирација. Во „Кока-кола", посветени сме на унапредување на квалитетот на животот преку сè што правиме, без разлика дали станува збор за активните зони низ целата земја, поддршката на младите полесно да најдат вработувања или грижа за животната средина, истакна Милица Стефановиќ, претставник на „Кока-кола" – Србија, и додаде дека како партнери на Специјалната олимпијада, ќе продолжат да ги промовираат инклузивноста и заедништвото и оти се надеваат на уште многу нови медали.