
Компанијата „Кока-Кола“ во Србија ќе инвестира 3,8 милиони евра во производни капацитети и капацитети за складирање, со цел да направи најсовремен погон за производство во Белград.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Кока-Кола" во Србија ќе инвестира 3,8 милиони евра во производни капацитети и капацитети за складирање, со цел да направи најсовремен погон за производство во Белград.
Вложувањата, како и воведувањето на новата линија што ќе може да произведува комплетен асортиман на картонска асептична амбалажа од 0,5 и 1,5 литри, ќе овозможи да се воспостави Центарот за производство на сокови во белградската фабрика, се наведува во соопштението на компанијата, пренесува српската РТВ.
Во рамките на промената во инфраструктурата за производство на сокови, активностите на фабриката „Фреш & Ко" од Суботица ќе се интегрираат во новиот производствен центар во Белград. Процесот се очекува да биде завршен до крајот на 2015 година, а сите досегашни вработени ќе имаат можност да се пријават за новите работни места што ќе се отворат во Белград.