
Во организација на порталот www.bestofserbia.rs и магазинот „Top Serbian Brands“, објавени се победниците во 56 категории во кои се доделуваат традиционални и престижни признанија: Топ српски бренд – Победник за 2014 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во организација на порталот www.bestofserbia.rs и магазинот „Top Serbian Brands", објавени се победниците во 56 категории во кои се доделуваат традиционални и престижни признанија: Топ српски бренд – Победник за 2014 година.
Победниците се избрани според бројот на гласови добиени од потрошувачите и корисниците во анкетата на агенцијата „Медиа интернационал груп", спроведена од 7 до 14 декември во 2014 на 3.076 полнолетни граѓани во Србија.
Најдобрите брендови се плазма-бисквитите Bambi, пивото Jelen од „Апетинска пивара", детергентот Ariel и садовите од „Металац".
Најдобриот извозник е „Фиат"-Србија, најдобрите корпоративни брендови се: храна-Zlatiborac безалкохолни пијалаци-Nectar, алкохолни пијалаци- Carlsberg, вино- Kovačević, кафе и чај-Grand Kafa, кондиторски производи-Bambi, млечни производи-Meggle, смрзнати производи-Frikom, зачини и адитиви-Aleva, цигари и тутун-British American Tobaco.
Признание за средствата за домашна хигиена доби „Хенкел", козметка-„Dr Colić" и трговски синџир-„Супер Веро".