
Чешкиот производител на безалкохолни пијалаци „Кофола“ е заинтересиран за купувањето на словенечкиот производител на минерални води „Раденска“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Чешкиот производител на безалкохолни пијалаци „Кофола" е заинтересиран за купувањето на словенечкиот производител на минерални води „Раденска".
Преговорите се во почетна фаза. „Раденска" освен водечката позиција во Словенија, има силна позиција во Хрватска, добра дистрибутивна мрежа, а со тоа може да биде капија за влез во целиот Балкан, пишуваат чешките и словенечките медиуми, а пренесува агенцијата „Танјуг".
„Кофола" бара можност за влез и на српскиот пазар. Главната цел на компанијата е да поседува дистрибутивна мрежа на Балканот и по можност квалитетен локален бренд. „Раденска" е вистинскиот избор затоа што ги поседува сите критериуми не само за словенечкиот, туку и за пазарите во земјите од поранешна Југославија.