
Во настојувањето да ја презеде „Раденска“, чешка „Кофола“ се соедини со семејството Полич, кое исто така се кандидираше за преземање на истата компанија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во настојувањето да ја презеде „Раденска", чешка „Кофола" се соедини со семејството Полич, кое исто така се кандидираше за преземање на истата компанија.
Семејството Полич веќе соработува со „Раденска", така што ги дистрибуира нејзините производи на азиските пазари.
Од „Кофола" порачуваат дека „Раденска" има добар потенцијал за динамичен пораст, а тоа е, како што велат, можно само ако се почитува локалната деловна средина. „Кофола" и семејството Полич ќе бараат и дополнителни можности за инвестирање во регионот.
„Раденска" би станала стратешко средиште за понатамошни преземања во соседните држави, рече за љубљански „Дневник" Мариан Шефчович, кој ја води проектната група за преземање на „Раденска".