
Со исполнувањето на сите услови од договорот за купување, словенечкиот производител на минерална вода „Раденска“ стана дел од чешката „Кофола“, која на пиварницата „Лашко“ ѝ плати 51,8 милиони евра за преземање на оваа компанија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со исполнувањето на сите услови од договорот за купување, словенечкиот производител на минерална вода „Раденска" стана дел од чешката „Кофола", која на пиварницата „Лашко" ѝ плати 51,8 милиони евра за преземање на оваа компанија.
Последниот чекор во процесот на продажбата на „Раденска" е исполнет со именувањето на новиот Надзорен одбор, каде што двајца претставници на вработените им се приклучија на четирите претседатели на „Кофола".
„Кофола" стекна 87,16 отсто од акциите на „Раденска", а се очекува дека во наредните денови ќе стекне уште 6,82 отсто, пред објавувањето на понудата за преземање, што се одвива во законскиот рок.
Компанијата „Кофола" и пиварницата „Лашко" на 19 декември минатата година потпишаа договор за продажба и купување на поголем пакет акции од производителот на минерална вода. Договорот вклучува неколку прелеминарни услови што мораат да бидат исполнети пред исплатата на купопродажната цена и пренесувањето на акциите. Исполнети се сите услови од договорот, вклучувајќи го и одобрението од Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција.