
Чешката компанија „Кофола“ ја објави понудата за преземање на останатите 6 отсто од акциите на „Раденска“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Чешката компанија „Кофола" ја објави понудата за преземање на останатите 6 отсто од акциите на „Раденска".
Купувачот ги нуди истите услови како и при преземањето на уделот од „Дежелна банка" - Словенија и пиварницата „Лашко" по 13,59 евра за акција. Понудата важи од 20 април до 9 мај.
Да потсетиме, пред еден месец, „Раденска" стана дел од „Кофола", која пак на пиварницата „Лашко" ѝ плати купопродажна цена од 51,8 милиони евра.
Чесите одлучија да ја преземат „Раденска" за да го пополнат портфолиото со минерална вода, со оглед на тоа што произведуваат сокови и останати безалкохолни пијалаци и природни води.