
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Књаз Милош“ е добитник на наградата за исклучително правно лице со најголем интезитет во користењето на меѓународниот систем за регистрација на жигови, што ја доделува Светската организација за интелектуална сопственост.
Компанијата „Књаз Милош" е добитник на наградата за исклучително правно лице со најголем интезитет во користењето на меѓународниот систем за регистрација на жигови, што ја доделува Светската организација за интелектуална сопственост.

Сметаме дека нашата традиција и секојдневно присуство во животите на потрошувачите не обврзуваат на примерно корпоративно однесување во сите области. Горди сме што е препознаена нашата работа во областа на интелектуалната сопственост, истакна Милена Петровиќ, ПР менаџер на „Књаз Милош".
Како што потсетија од компанијата, „Књаз Милош" има долга традиција на работење и спаѓа во најголемите производители на минерална вода, безалкохолни и енергетски пијалаци, а во текот на изминатата година имаше најголем број поднесени меѓународни пријави за жиг, во споредба со сите домашни правни лица.
Наградата беше врачена на прославата по повод 135 години од потпишувањето на Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост, од страна на Заводот за интелектуална сопственост на Србија.