
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Прехранбената индустрија „Клас“ – Сараево официјално стана спонзор на ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина. Спонзорскиот договор е потпишан во Мостар од страна на Русмир Хрвиќ, директор на „Клас“ и Смајо Карачиќ, генерален секретар на Ракометниот сојуз на БиХ.
Прехранбената индустрија „Клас" – Сараево официјално стана спонзор на ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина. Спонзорскиот договор е потпишан во Мостар од страна на Русмир Хрвиќ, директор на „Клас" и Смајо Карачиќ, генерален секретар на Ракометниот сојуз на БиХ.
Спонзорството се однесува на квалификациите за Европското првенство во ракомет кое ќе биде одржано во 2016 г. во Полска, како и на Светското првенство кое ќе биде одржано во јануари идната година во Катар.
Хрвиќ, на конференцијата за новинари им се обрати на играчите и на раководството на кои им честита, потенцирајќи дека тие постигнаа успех со тоа што остварија пласман на Светското првенство во Катар пласирајќи се меѓу 24-те најдобри репрезентации во светот.
Се работи за трето спонзорство на репрезентативно ниво од компанија во рамките на „АС груп".