
По почнувањето со работа со малини и јаткасто овошје, комапнијата „Клас“ од Сараево успешно почна со откуп и преработка на печурки и плодови од смрека.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По почнувањето со работа со малини и јаткасто овошје, комапнијата „Клас" од Сараево успешно почна со откуп и преработка на печурки и плодови од смрека.
Овие денови со германски партнер е договорен извоз од околу 40 тони шумски печурки и плодови од смрека на пазарите во Германија, Словенија, Италија и Франција. Од 200 домашни кооперанти од подрачјето Горажде во овогодишната сезона откупено е околу 20 тони сушени печурки од сортите вргањ и црна труба, како и 20 тони шумски смреки.
Во периодот кој е пред нас ќе го шириме бројот на откупните места и ќе работиме на договори со задругите. План е „Клас" во следната година да го зголеми бројот на кооперанти на 600 и откупот да се прошири на сите општини во кои успеваат печурките и смреките, со фокус на подрачјето средна Босна, Подриња и источна Босна, што вкупно опфаќа 20 босанскохерцеговски општини, изјави директорот на компанијата „Клас" – Сараево, Русмир Хрвиќ.
На тој начин компанијата ќе се стекне со услови за откуп на 50 тони сув вргањ, 20 тони сув див лук, два тона сув смрчак и 100 тони плодови смрека. Планот со зголемување на откупот, подразбира и зголемување на капацитетот, потоа бројот на вработени за преработка и за набавка на суровини.