
Прехранбената индустрија „Клас“ од Сараево, успешно ја имплементираше програмата за сертифицирање на органското производство и извоз на своите производи – Сараевски сомун и Сомун од интегрално брашно.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Прехранбената индустрија „Клас" од Сараево, успешно ја имплементираше програмата за сертифицирање на органското производство и извоз на своите производи – Сараевски сомун и Сомун од интегрално брашно.
Како што истакнуваат од компанијата, ова се првите пекарски производи од БИХ, кои под ознаката „ЕU organic logo" почнаа да се извазуваат во Данска, како и на другите пазари во ЕУ.
Веќе подолго време на светските пазари е изразен трендот на зголемена побарувачка на органски производи и во таа насока „Клас" ги постави темелите на еден нов сегмент за развој на своите брендови. Не беше тешко да се сертифицира нешто што и онака е здраво и квалитено, како што се сомуните, кои претставуваат врвен деликатес во босанската кујна. Ќе продолжиме да ја развиваме оваа програма за, на европските и светските пазари, да се етаблираме како производител на органска храна, изјави Русмир Хрвиќ, директор на компанијата „Клас" – Сараево.