
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со примената на новиот правилник на потрошувачите мора да им се осигураат потполни информации за храната, односно јасни и читливи декларации, со што се овозможува изборот на храна според соодветните прехранбени потриби и навики на поединците.
Со примената на новиот правилник на потрошувачите мора да им се осигураат потполни информации за храната, односно јасни и читливи декларации, со што се овозможува изборот на храна според соодветните прехранбени потриби и навики на поединците.
Лебот Klas Vital на прехранбената компанија „Клас" – Сараево е еден од ретките домашни производи што строго ги применува меѓународно признатите стандарди за управување со квалитетот (НАССР, ИСО 9001, ИСО 14001 и „Халал") во сите фази на производство и дистрибуција на храна и ги следи најновите европските и светски трендови во декларирањето и означувањето на производите.
Правилникот за пружање информации за храната на потрошувачите во БиХ, како и во земјите од ЕУ ќе биде задолжителен од 13-ти декември 2014 година, односно декември 2016 година за информациите за хранливите вредности на производите. Со примената на овој правилник, на потрошувачите ќе им бидат осигурани целосни информации за храната, односно јасни и читливи декларации со што се овозможува изборот на храна според соодветните прехранбени потреби и навики на поединците. Со оглед на тоа што „Клас" веќе ги применува повеќето насоки од Правилникот за означување и декларирање состојки, алергени и хранливи вредноси на производите, не очекуваме никакви проблеми во неговата имплементација. Нашите технолози континуирано ги следат законските регулатицви во БиХ и ЕУ, па согласно нив и пласираме производи на домашниот и странските пазари, потенцираше Санел Захирагиќ, технолог за амбалажа во „Клас".