
Благодарение на индустрискиот парк, земјоделците од Србија ќе добијат место за пласман на овошје и зеленчук.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Благодарение на индустрискиот парк, земјоделците од Србија ќе добијат место за пласман на овошје и зеленчук.
Кина и Србија се во преговори за изградба на индустриски парк за овошје и зеленчук кој, на иницијатива на кинеската влада, ќе се гради во Србија.
Од министерството за земјоделство изјавија дека благодарение на тој парк земјоделците од Србија ќе добијат пласман за овошје и зеленчук. Поточно, компании од Кина, кој во индустрискиот парк би имале и преработувачки капацитети, ќе ги користат суровините од Србија, а производите од повисок степен на обработка би ги пласирале на европскиот пазар.
Бидејќи разговорите се во почетна фаза, сè уште не се знае локацијата и капацитетот на паркот, но сигурно е дека со него ќе се обезбеди сигурен пласман за овошјето и зеленчукот.