
Компании од Турција годишно увезуваат повеќе тони кинеска стока во Босна и Херцеговина, на која не плаќаат данок, со што буџетот на земјата секоја година е оштетен за десетици милиони марки.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компании од Турција годишно увезуваат повеќе тони кинеска стока во Босна и Херцеговина, на која не плаќаат данок, со што буџетот на земјата секоја година е оштетен за десетици милиони марки.
БиХ и Турција од 2003 г. имаат договор за слободна трговија, а од 2007 г. е укината и царината на стоката од овие две држави. Оваа погодност ја имаат производите произведени во Турција, но некои турски трговци прават нови пакувања на стока со кинеско потекло и како производ од Турција го пласираат на пазарот на БиХ.
Со ваков проблем се соочува и Турција, иако овој проблем помалку се одразува на нејзината брзорастечка економија. Според истиот пример, и некои компании од БиХ, кои се занимаваат со увоз и извоз, во Турција пласираа околу 3.000 тони ореви, кои според нивните декларации се потекло од Бих, иако се работи за ореви од Украина, Молдавија и Романија. На овој начин избегнато е плаќање на даноци во Турција, во висина од 14 милиони марки.