
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Комисијата за заштита на конкуренцијата му одреди комерцијална санкција на „Кауфланд“ – Бугарија во износ од речиси 277,5 илјади евра, за рекламирањето на компанијата во времетраење од јуни 2010 година па сè до крајот на април 2014 година, со пораки како: „K-Classic ви дава гаранција за најниска цена! Без компромиси“, „Ниеден друг малопродажен синџир во нашиот град не нуди пониска цена“ и „Гарантиран квалитет по најниска цена“.
Комисијата за заштита на конкуренцијата му одреди комерцијална санкција на „Кауфланд" – Бугарија во износ од речиси 277,5 илјади евра, за рекламирањето на компанијата во времетраење од јуни 2010 година па сè до крајот на април 2014 година, со пораки како: „K-Classic ви дава гаранција за најниска цена! Без компромиси", „Ниеден друг малопродажен синџир во нашиот град не нуди пониска цена" и „Гарантиран квалитет по најниска цена".
По истражувањето и споредбата на цените со конкурентните синџири, „Кауфланд" ја намалувал продажната цена на производите K-Classic на пониска или еднаква цена со конкурентниот производ. Во контекст на користените рекламни пораки, поимот „гаранција" се поврзува со обврската на компанијата да понуди најниски цени на пазарот. На тој начин се создава предрасуда кај потрошувачот дека купува стока со наведената гаранција, односно по најниска цена, истакнуваат од Комисијата.
Компанијата ги користела овие маркетинг-трикови со цел да го привлече вниманието на потрошувачите и да ги презентира цените на производите како најниски во споредба со цените на конкурентите. Во таа смисла, постои спротивставеност меѓу суштината на обезбедената гаранција за најниска цена и реалните цени во „Кауфланд". Всушност, потрошувачот добива еднаква цена на конкурентната, а не пониска како што се наведува во рекламните пораки.
При определувањето на казната, како олеснителна околност бил земен фактот што „Кауфланд" веќе преземал мерки за прекин на ширењето на спорните реклами и ја променил рекламната порака за гаранцијата на производите K-Classic – од „најниски цени" на „трајно ниски цени".