
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Милош Риба, сениор аналитичар за малопродажба во „Планет ритеил“, смета дека одлуката на францускиот трговец „Казино“ да влезе на српскиот пазар не е баш мудра. Во ексклузивна изјава за InStore, Риба истакнува дека овој деловен чекор на трговецот ќе биде преголем трошок.
Милош Риба, сениор аналитичар за малопродажба во „Планет ритеил", смета дека одлуката на францускиот трговец „Казино" да влезе на српскиот пазар не е баш мудра. Во ексклузивна изјава за InStore, Риба истакнува дека овој деловен чекор на трговецот ќе биде преголем трошок.
Влезот на релативно мал и изолиран пазар, како што е Србија ќе го чини трговецот многу ресурси кои може поефикасно да ги искористи на растечките пазари со голем потенцијал како што се Аргентина, Виетнам и Тајланд. Трговецот нема да успее да се реализира на Балканот доколку не планира да се развива преку спојувања и аквизиции. Сепак, „Казино" може да го следи примерот на групацијата „Делез" и да изврши аквизиција на водечките трговци на Балканот. Извесна можност лежи во 53% од акциите на „Меркатор, кои конзорциумот банки ги понудија на продажба на крајот на 2012 година, смета Риба.
Исто така, тој потсети дека „Казино" никогаш немале силна пазарна позиција во централна и источна Европа и дека од друга страна, тоа е најголемиот трговец во Бразил и Колумбија, втор најголем трговец во Виетнам и трет играч на Тајланд.
„Казино" работеше само во Полска, Латвија и Литванија. Во 2006 година, како дел од својата програма за продажба на имот, „Казино" објави продажба на главниот имот во Полска. Продаде 19 хипермаркети на „Реал" во сопственост на „Метро" и 120 дисконти на „Теско". Една година подоцна, истече франшизниот договор помеѓу ИКИ и „Казино" и „Казино" ги напушти Балтичките држави. Од тогаш, Латинска Америка и Азија му станаа стратешки пазари на овој трговец, истакнува Риба.
Според мислењето на нашиот соговрник, „Казино" на српскиот пазар најверојатно ќе го воведе форматот на мали продавници со водечка цена (Leader Price). Позициониран помеѓу супермаркет и хард-дисконт, овој формат значи продавници кои се простираат на околу 1.000 квадратни метри, лоцирани генерално во урбани средини или приградски населби.
Поради сето ова, сметам дека одлуката на „Казино" за влез на српскиот пазар не е баш мудра, заклучува Милош Риба.