
Компанијата „Кауфланд“ ги исфрли слатките од касите и формираше „семејни каси“, за да им помогне на родителите кои ги носат своите деца со себе додека купуваат.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Кауфланд" ги исфрли слатките од касите и формираше „семејни каси", за да им помогне на родителите кои ги носат своите деца со себе додека купуваат.
Во сите продавниции на „Кауфланд" се наоѓаат т.н. „семејни каси", без слатки. На тој начин сакаме на своите купувачи, кои ги носат децата со себе додека купуваат, да им обезбедиме пријатно пaзарување, рече Дубравко Кушец, лидер на одделот за маркетинг и дистрибуција на рекламни метеријали, за „Пословни дневник".
Трговскиот синџир „Лидл" во Велика Британија исто така неодамна најави промени во понудата производи на касите, така што наместо слатки покрај касите во нивните 600 продавници ќе стојат само свежо и суво овошје и овесни житарки. Со тоа овој трговски синџир настојува да даде свој придонес во борбата против дебелината на децата и да ги поттикне родителите во обидот за здрава исхрана на своите деца.