
„Кауфланд“ планира да го прошири своето тргување на територијата на Србија. Трговецот, дел на групацијата „Шварц“, планира да оди по чекорите на „Лидл“, што работи во рамките на истата компанија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Кауфланд" планира да го прошири своето тргување на територијата на Србија. Трговецот, дел на групацијата „Шварц", планира да оди по чекорите на „Лидл", што работи во рамките на истата компанија.
Компанијата „Кауфланд" од почетокот на јануари е во потрага по национални застапници. Со тоа, Србија ќе стане осми странски пазар на „Кауфланд", пренесуваат германските весници.
Првиот странски пазар на „Кауфланд" беше Чешка, каде што работи од 1988 година, а последниот каде што се прошири беше Бугарија, во 2006 година. Компанијата исто така работи и во Хрватска.