
Кон средината на март, „Кауфланд“ го отвори новиот логистичко-дистрибутивен центар во Јастрeбарско.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кон средината на март, „Кауфланд" го отвори новиот логистичко-дистрибутивен центар во Јастрeбарско.
Вредноста на инвестицијата изнесува 75 милиони евра. Во четри хали, на повеќе од 64.500 квадратни метри, вработени се 150 работници, а во иднина, како што е соопштено од компанијата, ќе бидат отворени уште толку нови работни места.
Изградбата на логистичкиот центар во индустриската зона Јалшевац траеше повеќе од една година.
Во Хрватска, „Кауфланд" има 33 продажни објекти, со вкупна површина од над 103.000 квадратни метри. Секој продажен објект нуди повеќе од 20.000 различни производи, од кои 1.000 се од сопствената трговска марка K-Classic. Повеќе од 70% од прехранбените производи се од хрватско потекло.